Приведена е 41-годишна велешанка, во нејзиниот дом е пронајден хероин

Приведена е 41-годишна жителка од Велес бидејќи во нејзиниот дом е пронајден хероин, соопшти Министерството за внатрешни работи. Известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

– На 19.01.2024 во 14:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес ја лишиле од слобода Б.М.(41) од Велес. При претрес во нејзиниот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, бил пронајден и одземен хероин, информираат од МВР.

Б.М. е приведена во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестДибиров: Во Скопје бев како холивудска ѕвезда, во Загреб речиси не ме препознаваат
Следна вестОтпуштени се 1.500 таксисти во Цирих поради слабо познавање на германскиот јазик