Приведени 47 лица и затворање на угостителски објект во скопската населба Топанско поле е резулатат на вчерашната анкција на Државниот пазарен инспекторат и на полицијата.
-На 11.01.2021 во 22,00 часот по претходна пријава дека угостителски објект лоциран на улица “Ѓорѓи Поп Христов” во Скопје работи по 18,00 часот, од страна на полициски службеници во содејство со претставници од Државен пазарен инспекторат, извршена е контрола во угостителскиот објект, сопственост на И.С.(53) од Скопје и констатирано е дека во локалот се наоѓаат 47 лица, на возраст од 17 до 75 години. Затекнатите лица како и сопственикот на објекот се лишени од слобода за понатамошна постапка, се наведува во информацијата на МВР.
Од страна на Државен пазарен инспекторат, локалот е затворен во времетраење од 30 дена. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик “Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”.