Приведени двајца крадци кои ограбиле куќа во Морани

Приведени се две лица под сомнение дек аизвршиле кражба во село Морани, скопско, соопшти полицијата.

МВР информира дека денеска (04.10.2022) во 05.40 часот во с.Студеничани, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода се Ј.С.(37) од Скопје и Е.М.(33) од Р.Косово, постапувајќи по пријава од М.А., според која тие од неговата куќа на место викано „Кочинар“ во с.Морани, скопско, одзеле разни предмети.

-Украдените предметите се пронајдени во патничко возило „фиат“, со скопски регистарски ознаки, со кое се превезувале пријавените, и се вратени на сопственикот, наведе полиција.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Претходна вестKовачки: Од Министерството за одбрана се украдени документи со назнака строго доверливо
Следна вестЈСП „Скопје“ должи 1,5 милиони евра на приватните превозници, ако не ги добијат парите ќе секнат 16 автобуски линии