Приведени двајца крадци, расчистени три кривични дела

По преземени мерки и активности и обезбедени докази, вчера во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода 35-годишниот Б.О. и 27-годишната М.Ј., двајцата од Скопје, поради сомнение дека сториле три кривични дела, извести МВР.

– Имено, на 18.11.2023 тие извршиле „тешка кражба“ на дрзок начин, при што од жена одзеле чанта, на 04.10.2023 извршиле „кражба“, при што од возило одзеле лап-топ компјутер и на 13.09.2023 извршиле „кражба“, при што од женско лице одзеле мобилен телефон, соопшти МВР.

Со двајцата биле извршени службени разговори, а по целосно документирање на случаите, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестСе запали товарно возило на пат кон село Коњари, нема повредени
Следна вестOд полниќ дизелот поевтин 1 денар