Приведени двајца скопјани кои нападнале полицаец на „Партизанска“

Приведени се две млади лица кои прексиноќа физички нападнале полицаец на булеварот „Партизански одреди“ кај пекарница „Силбо“, информира МВР. Според полицијата, едно од лицата било под дејство на алкохол и почнало агресивно да се однесува, додека друго лице физички го нападнало полицаецот. Против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, откако по претходна расправија дошло до физичка пресметка со полициски службеник.

Снимката за овој инцидент вчера се појави на социјалните мрежи, а на неа се гледа како момчињата се расправаат со полицијата. На видео записот се гледаат неколкумина полицајци како и повеќе млади лица. Во еден момент едно од лицата извикува „Ајде бе удри ме, ајде“, а потоа се слуша лицето кое снима и кое дофрла: „Остај нека те удри. Ако бе, ќе оди во дисциплинска“. Се слушаат и зборовите „Жими сè, ќе го јадат џандарите, веруј ми“, на кое ги снима полицајците, а уапсените, гласно им се дерат на службениците: „Ајде бе ајде, мангуп еден, во полиција ако работиш“.

Во еден момент настанува мешаница и едно од лицата го нападнало едниот полицаецот по што во помош му доаѓа друг полицаец. Се слушаат извици „не ме тепај“ и “фати го и овој, ме нападна“, “ти ме нападна“…

Претходна вестПретежно облачно со повремен дожд
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче целосно потфрлија, бројот на новозаразени не паѓа под 200