Темен режим Режим на светлина

Претежно облачно со повремен дожд

Дождливо утро, сончеви периоди преку ден Дождливо утро, сончеви периоди преку ден

На скопското подрачје денеска се очекува претежно облачно време со повремен дожд попладне и во вечерните часови. Ќе дува умерен јужен ветер, а утринската температура ќе биде околу 13, а дневната ќе достигне до 23 степени.

И на подрачјето на целата земја ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд особено попладне и во вечерните часови. Утринската температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а дневната од 17 до 28 Целзиусови степени.

Во четврток ќе има локален дожд, претежно во западните делови на Македонија, а ќе дува засилен северозападен ветер, кој ќе услови значително опаѓање на дневните температури. Потоа во наредните денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен благ пораст.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

„Поле за игра“ во четврток во Македонска филхармонија

Следна објава

Приведени двајца скопјани кои нападнале полицаец на „Партизанска“