Приведени препродавачи на пиротехника. Имено, вчера околу 16:20 часот на Градскиот плоштад во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.А.(45) од Тетово и Џ.М.(46) од с.Челопек, Тетовско, затоа што продавале пиротехнички средства.
Тие биле приведени и задржани во Полициската станица Тетово и од нив биле одземени над 2.000 парчиња разновидни пиротехнички средства. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.