Приведени две лица во Сингелиќ, при претрес им пронашле 10 килограми марихуана, хашиш, оружје…

Разоткриени две лица кои биле вплеткани во трговија со дроги и оружје. Имено, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, во координација со Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, денеска ги уапсиле лицата А.В.(74) и С.В.(45) од скопски Сингелиќ, поради сомнение за сторени кривични дела неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и недозволено изработување, држење и тргување со оружје.

Од МВР информираат дека во текот на денешниот ден, по претходно издадена судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот и другите простории каде живеат А.В. и С.В., при што пронашле повеќе пакувања марихуана (околу 10 килограми), неколку шишиња со хашишово масло, еден пиштол „црвена застава“ со две рамки и 57 куршуми.

По документирање на случајот, против двете лица до Основното јавно обвинителство Скопје ќе биде поднесена кривична пријава.

Претходна вестВо скопските ковид центри има 146 слободни места, се лекуваат 300 лица
Следна вестМисли ли некој на новиот раздор или само се брза со пописот?