Во текот на минатата недела (8 до 15 април) лишени од слобода биле С.К.(26), Б.Б.(33) и Е.Л.(30) сите од Скопје, поради питачење информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.
С.К. и Е.Л. заедно со своите малолетни деца, и малолетник чиј старател/родител е Б.Б. биле затекнати при питачење на крстосници и булевари и пред верски објекти на подрачјето на Скопје, со нив бил извршен службен разговор и по целосното документирање на случајот против нив ќе следат кривични пријави, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.201 од Кривичниот законик.