(ФОТО) Се краде лимот од покривот на „Технометал“, не е безбедно, а полицијата и газдата не реагираат

Што се случува со зградата на некогашниот гигант „Технометал“? Жителите во околните згради и оние кои работат таму или доаѓаат во локалите може секојдневно да слушнат силно тропање, а некогаш од покривот летаат и лимови.

Жителите на околните згради се сведоци како групи Роми, секојдневно се околу некогашната централа на „Технометал“ чии влезови се затворени со тараби. Во текот на денот може да се видат и луѓе на покривот.

За да стасаат до таму тие ги кршат бравите на влезовите на околните згради и потоа се прекачуваат преку терасите на покривот, па оттаму откорнатиот лим го фрлаат долу или го изнесуваат во торби. Во некои згради каде не можат да влезат преку врата, ги кршат прозорите и потоа преку нив влегуваат.

Случајот трае повеќе од еден месец. Многупати е пријавувано во полициската станица Беко, од каде креваат раце, со образложение дека дури и да ги фатат, кога одат пред обинител се ослободдуваат и повторно се враќаат на местото кое го гледаат како извор на егзистенција.

-Што да правиме, да ставиме некој да ве пази 24 часа?, одговараат од полицијата.

Жителите се јавувале и кај сопственикот на зградата, според кажувањата тоа е истиот кој го има хотелот и спа „Буши“. Оттаму имале ветувања дека ќе испратат чувари, но ако се суди според состојбата на теренот, тоа не се случува бидејќи лицата кои го корнат покривот секојдневно се тука.

Ситуацијата е алармантна, бидејќи се работи за голема опасност по безбедноста.

Прво, тоа е безбедноста на жителите, кои велат дека лицата кои им влегуваат насилно во влезовите и им крадат работи, и се плашат за безбедноста на нивните домови.

Второ, безбедноста на сите кои се движат околу оваа зграда, која во еден дел излегува и на улицата „Македонија“ каде сега поради топлото време има многу гости во локалите кои седат надвор, а додека седат врз нив паѓа ѓубре, даски, а некогаш и лимови.

И трето, безбедноста на тие кои се качуваат по покривите иако тоа го прават на сопствена одговорност.

Прашањето е: Кој ќе одговара ако се случи некоја несреќа – полицијата или газдата кои кренаа раце од она што се случува во центарот на градот?

Претходна вестПриведени лица кои питачеле по раскрсници и булевари во Скопје
Следна вестБугарската делегација пречекана со транспаренти – Петков со помирливи пораки, Захариева се пожали на правата на Бугарите