Денеска е Цветници, спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалем

Православните христијански верници денеска го слават празникот Цветници, познат уште и како Цветоносна недела и Врбица е подвижен празник, секогаш се слави во неделата пред Велигден. Тоа е денот кога се одбележува Христовото славно влегување во Ерусалим, градот во кој по неколку дена Христос ќе биде погубен. При влегувањето на Исус во Ерусалим неговите ученици и симпатизери кршеле цвеќе од дрвјата и врбови гранки и со нив, како и со својата облека му го постилале патот по кој минувал. Пречекувајќи го Исус, воодушевениот народ со цвеќе, но и со својата облека го постилал патот и пеел: „Осана на синот Давидов. Благословен е оној кој доаѓа во името Господово. Осана на вистините. Во таа смисла и празникот е наречен Цветници.

Според толкувачите на Светото писмо, Исус влегол во Ерусалим качен на магаре затоа што кај источните народи магарето било симбол на мирот, наспроти коњите што служеле за водење војни. Магарето мирно му служело на човекот како што Исус му служел на народот.

Во спомен на ова свечено влегување на Исус во Ерусалим уште од најраните христијански времиња е востановен празникот Цветници кој, меѓутоа, се празнува од трети век. На иконата овој чин е насликан како Исус јава на магаре, а неговите ученици и народот му го постилаат патот со цвеќе и облека. На Цветници пак, како и на Благовец, раздавале цвеќиња, особено зеленика и дафино, кои се чувале пред иконата како свети нешата.

За овој празник врзани се и бројни обичаи. Во Скопско на Цветници се одело во црква од каде секој земал китка цвеќе, ја ставал во појас и ја носел цел ден. Во селата на Скопска Црна Гора тој ден се раздавал здравец, а по службата во црквата жените служеле баница, погача, ракија и слично. Во гостиварското село Вруток на празникот Цветници се одело по цвеќе. Интересен обичај што се изведувал на овој ден е обичајот Кошкање на децата. Во минатото на овој обичај му се посветувало големо внимание. Ги кошкале сите деца што биле родени меѓу двете лазареви саботи, што значи деца до една година.

Имиња кои денеска се слават: Аглика, Божур, Вероника, Виола, Виолета, Врба (л), Врбинка, Гергин (а ), Грозда, Далија, Делјан, Делјан, , Детелина, Елица, Јасмина, Здравко, Здравко, Зумбула, Ива, Игленка, Иглика, Калина, Камелија, Каранфилка, Китка, Латин (ка) Лилјана, Лила, Лили, Лоза, Љулин, Магнолија, Малин (а), Маргарит (а), Маргрет, Невен (а), Невен, Орхидеа, Ралица, Рене, Роза, Росен, Росица, Ружа, Темјанушка , Трендафил, Цена, Цвета, Цветелина, Цветан (ка), Цветин), Цветомил (а), Цветомир (а), Цветко, Јавор, Јасен, Јасмина…

Претходна вестПостудено, облачно и ветровито
Следна вестЈана Белчева: Нов ДУП, вградување на конкурсниот труд и суспензија на постоечкиот план е единствено решение за „Треска“