ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски наместо да молчи да побара од Петков отворање на македонски клубови во Благоевград и Сандански   

Ковачевски наместо да молчи да побара од Петков отворање на македонски клубови во Благоевград и Сандански, побара денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението на најголемата опозициска партија се наведува дека со тоа Бугарија би покажала дека е за добрососедство.

-Ако и Петков е за добрососедство тогаш ќе отвори македонски културни клубови во Благоевград, Сандански или Софија. Ковачевски да побара и рамноправност и заштита за Македонците во Бугарија. Наместо да ги минира позициите на Македонија со прифаќање на веќе одбиени предлози или кој знае што уште не прифатил, нека почне да се грижи за македонските интереси и црвени линии исцртани со Декларацијата од Собранието, се наведува во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ бара и јавност во преговорите.

-Дополнително пред да прифати било што и Ковачевски и Османи треба са ги информираат граѓаните, а не обратно, се нагласува во соопштението.

Претходна вестКазнети 216 возачи, 28 биле пијани зад воланот
Следна вестТелевизиите со национална концесија не ја исполнуваат својата програмска обврска