Казнети 216 возачи, 28 биле пијани зад воланот

На територија на град Скопје изречени се вкупно 216 мерки, меѓу кои и 28 санкции за управување под дејство на алкохол, соопшти денеска МВР за вчерашните полициски контроли на скопските сообраќајници.

За возење повеќе од дозволената брзина изречени се 79 санкции а имало и девет мерки за возење без возачка дозвола и седум санкции за возач почетник.

-Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, 32 санкции што ги чинат возачи на мотоцикли, шест мерки за нерегистрирани возила, се наведува во информацијата.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Претходна вестБискуп Стојанов: Зборот на Исус Христос да допре до оние кои се опиени од сопствениот егоизам, моќ и сила
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски наместо да молчи да побара од Петков отворање на македонски клубови во Благоевград и Сандански