Руски ултиматум до бранителите на Мариупол: Положете го оружјето и ќе останете живи

Ултиматум до украинските сили кои се уште се борат во Мариупол поставила руската војска. Руското Министерство за одбрана соопшти дека животите на украинските сили кои се уште се борат во Мариупол ќе бидат поштедени доколку го положат оружјето.

-Со оглед на катастрофалната ситуација што се разви во металуршката фабрика Азовстал, а исто така водени исклучиво од хуманите принципи, руските вооружени сили им нудат на милитантите на националистичките баталјони и странските платеници да ги прекинат сите непријателства и да го положат оружјето во 6 часот наутро по московско време. 17 април 2022. години. Нивниот живот е загарантиран, се вели во соопштението.

Русија претходно соопшти дека ги исчистила од отпор сите урбани области во Мариупол.

Се додава дека останатите борци во опколениот пристанишен град, за кои Русија вели дека се и украински и странски, се блокирани во фабриката за челик Азовстал.

Генерал полковник Михаил Мизинцев, директор на Рускиот национален центар за управување со одбраната, рече дека понудата на Москва е поттикната од „катастрофалната ситуација” во фабриката, како и од „чисто хумани принципи”.

-Гарантираме дека животите на сите кои ќе го положат оружјето ќе бидат поштедени, рече тој.

Руските сили веќе неколку недели се обидуваат да го заземат пристаништето, кое се наоѓа на Азовското Море.

Претходна вестЈана Белчева: Нов ДУП, вградување на конкурсниот труд и суспензија на постоечкиот план е единствено решение за „Треска“
Следна вестБискуп Стојанов: Зборот на Исус Христос да допре до оние кои се опиени од сопствениот егоизам, моќ и сила