Неделков до утре вечер нема да дава изјави, Бесими им порача ако сакаат повеќе пари, повеќе да работат

Останува неизвесно дали до крајот на викендов синдикатите и Владата ќе најдат решение за платите во образованието, за децата во понеделник да се вратат во училишните клупи и градинките. Но, претседателот на СОНК Јаким Неделков најави дека решил до утре вечер да не контактира со медиумите. Иста одлука имаат и сите одделни синдикати во рамките на СОНК.

-Сакам и да ве информирам дека до недела 17.04.2022 год. до попладневните часови нема да бидам достапен, изјави Неделков.

Од Владата и денеска го повторија истиот став без конкретен одговор дали и за кога е закажана нова средба со синдикатите.

-Договорено да се утврди процентот за зголемување на платата кое ќе се испланира и потенцијално реализира со ребалансот на Буџетот, по што учениците од понеделник би се вратиле во училишните клупи, а децата од предучилишнотово градинките, велат од Владата.

Денеска пак, во колумна министерот за финансии Фатмир Бесими посочува дека за наставниците да добијат повеќе пари, требало и повеќе да работат затоа што нашите ученици остануваат под просекот во Европската унија и регионот. Според Бесими, половина од 15-годишниците во Македонија немаат ни основни познавања од науката, математиката и читањето.

-Во економската теорија секое зголемување на плати без притоа да нема зголемена продуктивност, ќе предизвика инфлаторни притисоци што во услови на инфлација може дополнително да ја подгрева инфлацијата, вели Бесими.

Апел до просветните работници да продолжат со работа од понеделник, а истовремено низ дијалог да изнајдат решение, побараа од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека власта врши притисок врз синдикалците и врз просветните работници.

Претходна вестБугарската делегација пречекана со транспаренти – Петков со помирливи пораки, Захариева се пожали на правата на Бугарите
Следна вестМицкоски: Османи и Ковачевски директно ги загрозуваат македонските шанси за преговори со ЕУ