Приведени лица кои питачеле по раскрсници и булевари во Скопје

Во текот на минатата недела (8 до 15 април) лишени од слобода биле С.К.(26), Б.Б.(33) и Е.Л.(30) сите од Скопје, поради питачење информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.

С.К. и Е.Л. заедно со своите малолетни деца, и малолетник чиј старател/родител е  Б.Б. биле затекнати при питачење на крстосници и булевари и пред верски објекти на подрачјето на Скопје, со нив бил извршен службен разговор и по целосното документирање на случајот против нив ќе следат кривични пријави, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.201 од Кривичниот законик.

Претходна вестОд магацин во старата охридска касарна украдени солзавец и шок бомби
Следна вест(ФОТО) Се краде лимот од покривот на „Технометал“, не е безбедно, а полицијата и газдата не реагираат