Приведени малолетни крадци од Скопје

Во Скопје вчера на булеварот „Видое Смилевски Бато“ полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода двајца малолетници кои биле затекнати при извршување кражба во продажен објект, при што одзеле повеќе производи.

Според МВР, одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а за случајот бил запознаен Јавен обвинител.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестТрамп не сака да се врати на Твитер,иако Маск му дозволи
Следна вестАзербејџан последен тест за Македонија на Милевски во 2022 година