Вкупно пет лица вчера биле приведени во три одвоени полициски акции на различни локации во Скопје. Во првата акција во 14,00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на средно Водно на патот за Нерези, ги лишиле од слобода М.Ј.(32) и Д.Ј.(37) двајцата од Скопје.
-При извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, се наведува во информацијата на полицијата.
Синоќа во 22,20 часот, полициски службеници од СВР Скопје во Градски парк, го лишиле од слобода М.М.(19) од Скопје. И кај него била пронајдена оваа опојна дрога, исто како и при претресот на лицата А.Н.(34) и А.П.(44), двајцата од Скопје, на булеварот „Јане Сандански“ во населбата Аеродром. И против сите овие лица ќе биде поднесена пријава.