Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 21.15 часот на подрачје на Драчево, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Аеродром и Драчево лишиле од слобода пет малолетници од Скопје. Тие се осомничени за тешка кражба.
– Кај нив биле пронајдени и одземени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“, а кај еден од нив бил пронајден и одземен нож, информираат од полицијата.
По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.