Приведени разбојници кои нападнале малолетници во Петровец

Две лица се приведени поради разбојништво што го сториле во општина Петровец, скопско. МВР соопшти дека полициски службеници од Полициската станица Гази Баба по преземени мерки расчистиле кривично дело разбојништво кое се случило на 26.02.2023 во с.Петровец, скопско.

-По преземени мерки било констатирано дека Б.Б.(67) од с.Петровец и М.И.(31) од Скопје на 26.02.2023 во с.Петровец физички нападнале двајца малолетници и им одзеле мобилен телефон. Со нив бил извршен службен разговор, при што го признале делото. Бил пронајден и телефонот и бил вратен на сопственикот, се наведува во информацијата.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Претходна вестЕП во атлетика во сала: Дарио Ивановски последен во квалификациите на 3.000 метри
Следна вестКазнети 246 возачи во Скопје, 42 за брзо возење, 11 за возење без дозвола…