Две лица се приведени, а запленето е големо количество на оруже од куќа во кичевското село Србица, соопшти полицијата. Акцијата е спроведена вчера од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, ОВР Кичево и ОВР Гостивар.
-При претрес на домот и помошните простории на Х.И. (27) и А. И. (52) во с. Србица, пронајдени и одземени се четири автоматски пушки ‘калашников’, две полуавтоматски пушки, две пушки, седум рамки за автоматска пушка со куршуми, 12 пиштолски рамки со куршуми, пушкомитралез со добош за муниција, два митралеза од кои еден митралез марка М 53, а другиот е протиавионски ДСК 12,7 мм со постолје, цевка од тежок митралез, нож бајонет, седум пиштоли, револвер, над 3 500 куршуми 11 рачни бомби со запалка, три рачни бомби без запалка, прибор за чистење оружје, футроли, маскирни ранци, маскирни елеци, двогледи и други предмети, соопштија од МВР.
Од МВР најавуваат дека мерките и активностите за расчистување на овој случај продолжуваат. Против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави и ќе му бидат предадени на јавното обвинителство