Приведени татко и син, ја нападнале нивната мајка и сопруга а подоцна и сестра

Уапсени се таткото и синот кои пред неколку дена, беа пријавени дека ја претепале својата сопруга и мајка.

– На 17.02.2023 околу 12.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Н.П.(28) и Р.П.(52), двајцата од скопско село. Тие се сомничат дека на 16.02.2023 во семејниот дом физики ја нападнале нивната 46-годишна мајка и сопруга, по што Н.П. физички ја нападнал и неговата 26-годишна сестра. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Претходна вестПод урнатините во Турција пронајдена торба со два милиони долари
Следна вестСДСМ: Мицкоски молчи за одлуката на Европскиот суд за човекови права