Под урнатините во Турција пронајдена торба со два милиони долари

Противпожарната служба под урнатините на куќа во Турција, во провинцијата Газиантеп, пронашла торба со два милиони долари и ја предала на полицијата, јави агенцијата „Анадолија“. Доколку не се најдат сопствениците на парите, тие ќе бидат префрлени во државната каса.

– Нашите луѓе пред сè одат да спасат животи, а потоа ги вадат и работите на луѓето кои доживеале несреќа. Парите ѝ се предадени на полицијата, а вакво нешто не се случува првпат“, изјави за „Анадолија“, Чафер Јилмаз, шеф на противпожарната бригада, а пренесува „Танјуг“.

Претходно руското Министерство за вонредни состојби соопшти дека руските спасувачи пронашле 150.000 долари во готовина под урнатините на една од зградите, а парите и’ ги предале на полицијата.

Претходна вестВо Франција забранет Инстаграм, ТикТок и Снепчет за деца под 15 година
Следна вестПриведени татко и син, ја нападнале нивната мајка и сопруга а подоцна и сестра