Приведени тројца дрски крадци, двајца биле малолетници

На 01.10.2020 полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош при СВР Скопје приведоа три лица кои извршиле разбојништво и тешки кражби на територијата на главниот град, соопшти денеска МВР.

Приведени се А.М. (22) и двајца малолетници, а расчистени и документирани се шест кривични дела: едно разбојништво и пет тешки кражби на дрзок начин.

Против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Претходна вестЌе се плашат ли аздисаните скопски возачи од полицијата?
Следна вестЗа неносење маска казнети 874 лица