Темен режим Режим на светлина

Ќе се плашат ли аздисаните скопски возачи од полицијата?

Брзото возење, дури и пребрзото, стана вообичаена работа на скопските улици. Долго време збеснатите возачи беа оставени ез контрола.

Деновиве полицијата малку се раздвижи. И еве ги резултатите: На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 310 санкции, меѓу кои за пречекорување на дозволената брзина на движење 106 прекршоци, соопшти денеска МВР.

За возење без возачка дозвола казнети се 17 лица, за технички неисправни и нерегистрирани возила 17, имаше и 12 санкционирани мотоциклисти, 81 мерка за непрописно паркирање, а изречени се 37 казни за неносење на заштитна маска.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, предупредува МВР.

Да се надеваме дека ќе биде така. Очигледно е дека аздисаните возачи низ Скопје не се плашат од полицијата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Бугарскиот парламент ги направи Кирил и Методиј Бугари, а кирилицата бугарска

Следна објава
Украл автомобил, украл куче и дивеел низ Штип, уапсен лажен полицаец

Приведени тројца дрски крадци, двајца биле малолетници