Зголемениот број на заразени го седна Филипче на средба со Комисија за заразни болести

Во моментов се одржува консултација на Министерот за здравство Доц. д-р. Венко Филипче со членовите на Комисијата за заразни болести, информира пред малку Министерството за здравство.

-Се анализира актуелната епидемиолошка состојба и зголемениот број на нови случаи со ковид-19. Министерството ќе проследи повеќе информации по завршување на консултативната средба, се наведува во соопштението.

За потсетување, денеска починати се 6 лица, тројца пациенти од Скопје (63, 71 и 83г), по еден од Прилеп (78г), Тетово (63г) и Битола (59г). Во последните 24 часа во Македонија се направени 1694 тестирања, а регистрирани се 225 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 96,Куманово 8 ,Штип 7, Прилеп 8 , Тетово 15 , Струга 3, Велес 5, Битола 8, Охрид 2 , Кавадарци 6, Гостивар 2, Гевгелија 1, Струмица 11, Крива Паланка 7, Радовиш 1, Кочани 17, Пехчево 1, Берово 10, Валандово 3,Виница 1,Делчево 2,Кратово 1,Свети Николе 6 и Кичево 4.

Претходна вестНагло зголемување на заразени во Скопје, најмногу во Аерoдром, Центар, Карпош, Гази Баба…
Следна вестАпасиев поднесе кривични пријави за закани кон него и неговото семејство