Апасиев поднесе кривични пријави за закани кон него и неговото семејство

Лидерот на патијата „Левица“, Димитар Апасиев, денеска поднесе кривична пријава против Мерсиха Смаиловиќ од Скопје и уште шестмина други лица кои му се заканувале нему и на членовите на неговото поблиско семејство.

-Кривичната пријава е поднесена поради сомневање за сторено тешко кривично дело ширење расисистички и ксенофобичен материјал по пат на комјутерски систем, како и за кривично дело загрозување на сигурноста, а во врска со поттикнување, објаснуваат од Левица.

Од партијата очекуваат ОЈО Скопје да постапи по пријавата со истата експедитивност како и за пријавата против Апасиев и да ги преземе сите процесни, предистражни и истражни дејства – слично како, што навеле, во други експонирани случаи, кога како пријавители се јавуваа носители на јавни функции од власта, а нивните заканувачи беа експресно санкционирани (примерите со премиерот Зоран Заев, министерот Оливер Спасовски, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и др.)

Претходна вестЗголемениот број на заразени го седна Филипче на средба со Комисија за заразни болести
Следна вестФилипче по итниот состанок: За викендот ќе се знае дали и какви мерки ќе се воведат