Приведени се тројца малолетници под сомнение дека ограбиле жена на улица во Скопје, соопшти полицијата.
Според информациите на МВР, вчера, на булеварот „Гоце Делчев“, полициски службеници од СВР Скопје, постапувајќи по претходна пријава, привеле тројца малолетници бидејќи во близина на бензинска пумпа на улицата „Кеј Димитар Влахов“ украле чанта од едно женско лице.
Лицата им се предадени на полициски службеници во Полициска станица Центар за понатамошна постапка.