Признаениот дигитален сертификат не важи за руската и кинеската вакцина

Македонскиот дигитален сертификат за вакцинација важи во земјите членки на Европската Унија. Оваа вест ги израдува граѓаните но краткотрајно, бидејќи министерството за здравство кое ја соопшти, не објасни дека ова не важи за сертификатите од примена руска и кинеска вакцина, кои не се секаде признаени.

Огромен број македонски граѓани имаат примено од овие две вакцини, но нивниот сертификат е неважен за ЕУ бидејќи до овој момент со него и не можат да влезат во одредени земји.

Инаку што се однесува до црниот биланс заклучно со вчерашниот ден, во Македонија веќе нема градови со нула активни случаи на заразата. Град со најмалку заразени во моментов е Македонска Каменица, каде има само едно лице кое е активен случај на ковид-19. Состојбата и понатаму е најзагрижувачка во главниот град, но и во Тетово и Гостивар.

Претходна вестДо 9 септември може да се проверува Избирачкиот список
Следна вестУбаво е да се има станица за кабаст отпад, уште поубаво е да се празни редовно