Mетален стол ја запушил канализацијата на улицата „Скупи” во Скопје, информира денеска Јавното претпријатие „Водовод и канализација”. Екипите на ова комунално претпријатие одвај успеале ја отпушат запуштената канализациска цевка.
-Загрижувачка е сликата од терен, односно причината за запушување на канализациската линија. Беа извадени столови, шут и други предмет. Апелираме и повикуваме на граѓанска одговорност и потсетуваме дека канализацискиот систем не е депонија, ниту место за одлагање на отпад и/или шут. Ги повикуваме граѓаните да не го употребуваат канализацискиот систем како контејнер, се наведува во информацијата од ова претпријатие.
Оттаму потсетуваат дека во секоја општина редовно има повици и телефонски броеви на кои граѓаните може да се јават и да им се отстрани кабастиот отпад или шутот, бесплатно, или да го однесат во контејнерите што се наменети за тоа.