Казни за 705 граѓани за неносење маски

Регистрирани се 705 прекршоци за неносење лична заштита на лице, соопшти денеска МВР за непочитување на оваа заштитна мерка. Овие граѓани ќе треба да платат санкција во висина од 20 евра во денарска противвредност.

-Во изминатово деноноќие на 702 лица им се издадени решенија за изолација, а 210 лица потпишале изјави за самоизолација, се наведува во информацијата.

Од МВР информираат дека од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека три лица не ја почитувале мерката за изолација, а едно лице не ја почитувало мерката за самоизолација.

Претходна вестВечерва се одржува „Стихувалки 2020“ во паркот во КИЦ
Следна вестДенеска сончево и топло, од неделата пак нестабилно