Пукано во моторџија кој носел панцир во Чаир, тој возвратил па го сокрил пиштолот

Се расчистува оружена пресметка во Чаир. Имено, Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против 24-годишен скопјанец, осомничен за неовластено поседување оружје.

Осомничениот, на 2 јуни, пред зграда на улица Струмичка во Чаир, неовластено носел пиштол марка „Глок“ со калибар 9 милиметри.

Тој се движел со мотоцикл без регистарски таблички, а на себе носел панцир. Во еден момент го пресретнале непознати лица, кои кон него испукале повеќе проектили, нанесувајќи му повреда во левата потколеница. Осомничениот возвратил со шест куршуми, по што се скрил во влез од зграда, а пиштолот се обидел да го скрие во сандаче на ЕВН.

Надлежниот јавен обвинител до судот достави предлог за определување мерка куќен притвор за осомниченото лице, поради опасност од бегство, можност да се обиде да ги сокрие трагите или да го повтори кривичното дело.​

Претходна вестФилипче: Ќе се објавуваат имињата на оние кои не ги примаат решенија за самоизолација
Следна вестКамерите на сообраќајниците ќе ги користам за казнување на насилниците