Филипче: Ќе се објавуваат имињата на оние кои не ги примаат решенија за самоизолација

Денеска или најдоцна утре јавно ќе бидат објавени имињата на луѓето кои не сакаат да ги примат решенијата за самоизолација, најави денеска министер за здравство Венко Филипче. Тој рече дека во овој момент се работи за околу 450 такви решенија.

-Утрово уште еднаш дискутиравме на состанокот на Комисијата за заразни болести како да го решиме овој проблем. Станува збор за 450 решенија за кои очекувавме помош од МВР, но тие не се поделија, ги вратија назад. Веројатно денеска или најдоцна утре ќе започнеме таканаречена јавна објава зашто, едноставно, луѓето не се достапни или даваат погрешни податоци во анкетните листови. Тоа се луѓе кои се огромен ризик ако се асимптоматски носители на вирусот и доколку се движат помеѓу луѓе и непочитуваат самоизолација може болеста да ја шират. Така што, сметам дека овие денови и тоа ќе биде решено, изјави Филипче при денешната посета на Прилеп одговарајќи на новинарско прашање.

Претходна вестДа можеше Универзална сала да зборува, што ли ќе му кажеше на Шилегов?
Следна вестПукано во моторџија кој носел панцир во Чаир, тој возвратил па го сокрил пиштолот