Сонцево и топло, попладнево дождот пак ќе се врати

По вчерашниот топол ден без дожд, денеска на скопското подрачје во попладневните часови пак ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Претпладне ќе преовладува сончево и топло време со умерена облачност и слаб до умерен северозападен ветер. Метеоролозите предвидуваат максималната температура да достигне до 29 степени.

Слично време се очекува и на подрачјето на целата земја.

Од утре ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со почеста појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Претходна вестКупил „Пежо“, излегол со девојката да се повозат, разбојници ги нападнале и му го украле возилото
Следна вестДали битката против вирусот се сведе на броење заразени и на трите мерки?