Проблемот со приватните специјализанти по медицина да се решава по изборите, одлучи Владата

Веднаш по изборите да се подготват предлог законски решенија со коишто ќе се предвидат севкупни права и одговорности на лекари – специјализанти, заклучок е кој на вчерашната седница го донела македонската Влада. До одлуката доаѓа откако околу 400 лекари-специјализанти стапија во штрајк во текот на кој не ги извршуваат досегашните работни обврски. Тие најавија дек аќе штрајкувата се додека Владата не ги прифати нивните барања за зголема плата, здравствено осигурување и регулирање на работниот статус.

Техничката Влада донесе одлука веднаш по изборите да се подготват предлог законски решенија.

– На 15. седница, Владата на Република Северна Македонија ја разгледа информацијата од Министерството за здравство, во врска со специјализантите по медицина, кои со сопствени средства ја плаќаат специјализацијата, а кои се работно ангажирани со договор на дело во универзитетската клиника во којашто ја извршуваат специјализацијата. Имајќи го предвид значењето за специјализантите, но и за граѓаните и за здравствениот систем на Република Северна Македонија, за целосно решавање на нивниот статус, Владата донесе одлука, согласно закон, а веднаш по изборите, да се подготват предлог законски решенија со коишто ќе се предвидат нивните севкупни права и одговорности, се наведува во соопштението од Владата по седницата.

Владата, како што се додава, во активна соработка со специјализнатите, досега покажала огромна грижа за унапредувањето на нивниот статус и оти е одлучна да продолжи во оваа насока.

-Како што е констатирано на седницата, во 2018 година, приватните специјализанти за првпат беа платени за својот труд во висина од просечна плата на општ лекар, со оглед дека дотогаш, тие немаа финансиски надоместок за ангажманот, а ниту една влада претходно не покажа слух и капацитет да почне со решавање на нивниот работен статус, велат од Владата.

 

Претходна вестСилјановска-Давкова: Ако бев претседателка, сега ќе протестирав и марширав со специјализантите
Следна вестДимитриевски: Градоначалник сум на сите – така ме научи мојот град, таков ќе бидам и од позицијата претседател на државата