<p>Министерството за труд и социјална политика информира дека на работничките што се на продолжено породилно отсуство платеното отсуство им трае сè додека траат привремените мерки за заштита од коронавирусот.</p>
<p>„За да се обезбеди заштита и грижа за децата, Владата донесе уредба со законска сила, со која отсуството од работа на работничка поради бременост, раѓање и родителство и посвојување продолжува да тече и надоместокот на плата продолжува да се исплаќа до истекот на траењето на привремените мерки за заштита од ширење и превенција од Ковид-19“, се наведува во соопштението.</p>
<p>Одлуката за времетраење и завршување на привремените мерки ја носи Владата по препорака на Комисијата за заразни болести.</p>
<p>Надоместокот за породилното отсуство се регулира преку Фондот за здравствено осигурување</p>