Продолжува новогодишната програма во центарот на Скопје, вечерва со „Поточиња“, „Бени нон стоп“, Љубојна…

И вечерва на централниот скопски плоштад „Македонија“ продолжува новогодишната програма во организација на Градот Скопје и на Комората за музичка индустрија. Забавната програма вечерва започнува во 18 часот со настапот на учесниците на фестивалот на детски песни „Поточиња“. Потоа, во 19.30 часот граѓаните ќе може да уживаат во песните на музичката група „Бени нон стоп“.

Потоа, за посетителите ќе биде организирана наградна игра, а по неа, со почеток во 21 часот, е предвиден настапот на музичката група „Љубојна“.

Музичките и другите забавни содржини, како што неодамна соопштија организаторите, ќе се одржуваат секоја вечер се до 7-ми јануари. Покрај ова, на посетителите им се нуди и празничен базар во специјално поставените куќички.

Претходна вестВојната во Газа се покрвава, 241 загинат во последните 24 часа
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Од 2017 до денес цената на струјата е покачена за 50 проценти