Продолжува собирањето потписи: Ванковска и Јакимовски се ближат кон целта

Рокот за собирање потписи за кандидати за претседател е во полн ек и ќе трае до 8 март, согласно роковниците на Државната изборна комисија. Кандидатите се растрчани на терен. Некои веќе и ги собраа потребните потписи.

Прв до целта стигна актуелниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, по него на листата се приклучија Максим Димитриевски од ЗНАМ, и Арбен Таравари – кандидадот на здружената албанска опозиција ,,Вреди”.

Според ажурираните податоци на ДИК, кандидатот на „Левица“, Билјана Ванковска и кандидатот на „Гром“, Стевчо Јакимовски се приближуваат кон потребната бројка потписи.

Билјана Ванковска од Левица има 7.876 потписи од поддржувачи на нејзината визија и идеа. Стевчо Јакимовски има собрано 6.676 потписи. Тие двајца се најблиску до потребни 10.000 потписи.

Вело Марковски има 924 потписи. Господин Попоски има 40 поддржувачи. Ѓорѓи Манасков има 267 гласови. Зорица Цветковска има 140 потписи. Мерсиха Смаиловиќ има собрано 887 потписи.

Кога подносител на листа на кандидат за претседател е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 10.000 потписи од запишаните избирачи во Избирачкиот список, додека кога подносител на листа на кандидат за претседател се пратеници, потребно е да се соберат најмалку 30 потписи од пратениците.

Претходна вестЗдружение на инженери: Владата ги повлече, па ги врати законите за стратешки инвестициски проекти во Собрание
Следна вестЕУ во моментов преплавена со 1,14 милиона барања за азил