Здружение на инженери: Владата ги повлече, па ги врати законите за стратешки инвестициски проекти во Собрание

Повлекување, а потоа повторно враќање во процедура на четирите закони за реализација на стратешки инвестициони проекти било сторено на две седници на Владата одржани вчера. Здружение на инженери на Република Македонија денеска соопшти дека на владината седница најпрво се донесени заклучоци за повлекување на за четирите закони за реализација на стратешки инвестициони проекти од собраниска постапка, а потоа повторно се доставени предлози за истите закони до Собранието, но овој пат од страна на заменик на претседателот на Владата – Фатмир Битиќи. Дополнително заменик на претседателот на Владата – Фатмир Битиќи до пратениците го достави и договорот за „Соларниот парк Стипион“, кој материјал не беше доставен на претходните седници.

-Ние до денешен ден не добивме одговор на барањето да бидеме поканети и да го изнесеме нашето мислење по прашањата што се разгледуваат на седниците на работните тела: Комисија за економски прашања и Законодавно правна комисија за четирите закони за реализација на стратешки инвестициони проекти. Законот за стратешки инвестиции, врз основа на кој се носат овие закони како лекс специјалис, е окарактеризиран како закон кој согласно формата и содржината може да продуцира ризици од корупција од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата и за истиот во постапка се измени и дополни, предупредуваат македонските инженери.

За овие стратешки инвестиции изминатиот период имаше низа реакции во јавноста особено за грчката фирма „Митилинеос“ која треба да гради централа во Железара. За овој проект и министерот за економија на последните две владини седници бара повлекување на предлог законот и нови преговори со инвеститорот. Претходно и Здружението на инженери реагираа дека со предлог законот за „Митилинеос“, државата ќе претрпи значителни штети.

 

Претходна вестХрватска ја повлекува чоколадата Милка
Следна вестПродолжува собирањето потписи: Ванковска и Јакимовски се ближат кон целта