Не престануваат протестите во Франција. Илјадници луѓе во Париз и другите градови повторно излегоа на улиците за да штрајкуваат против одлуката на претседателот Емануел Макрон насилно да го усвои законот за зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години без гласање во парламентот.
Потегот на Макрон налути многумина во земјата, а демонстрантите и вчера излегоа на улиците на француската престолнина. Околу триста демонстранти се собраа во градот Ле Ман околу огнената скулптура „49.3“, која се однесува на членот од уставот со кој Владата ја усвои пензиската реформа без гласање Националното собрание, пишува „Ле Монд“.
Полицијата во Париз во вторникот соопшти дека се уапсени 11 лица, додека претходната ноќ во главниот град биле уапсени 234 лица, најмногу поради палење ѓубре на улиците.
Шефот на париската полиција Лоран Нунез изјави дека насилството било предизвикано од групи од 300 луѓе.