Темен режим Режим на светлина

Заштитата на националните интереси барала веќе да нема вонредни ученици во средните медицински училишта

Веќе нема да има вонредно запишување на учениците во средните училишта со  здравствени струки, а тоа го барале националните интереси. Ваква одлука донело Министерството за образование и наука, а дописот за тоа веќе е доставен до ваквите училишта.

– МОН испрати допис до сите училишта во кои се реализира здравствена струка, дека запишувањето вонредни ученици се става во мирување. Одлуката е донесена во насока на заштита на националните интереси, а согласно анализа на состојбите на пазарот на трудот,  велат од МОН за МИА.

Досега вонредно можеше да се заврши средно образование за медицинска сестра, фармацевтски техничар и за други профили од здравствена струка. Според сознанијата, за ваков вид учење најчесто се заинтересирани кандидати со завршено средно образование, кои се преквалификуваат со намера да стекнат диплома во овие области и да конкурираат за работа во странство.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Протести и немири во Франција

Следна објава
Вучиќ најави избори во Србија на 12 јули или на крај на октомври

Вучиќ: За Србија не доаѓа во обѕир признавање на Косово и негово членство во ОН