Македонија на овогодинешното, 17 по ред биенале на архитектура во Венеција ќе биде претставена со проектот „Сега“ на бирото за проектирање БИНА (Биро за инвентивна архитектура). Биеналето трае од 22 мај до 21 ноември оваа година.
„Сега“ е проект на група архитекти предводени од Бекир Адеми, куратор на изложбата, ко-куратор е Јордан Шишовски, комесар на проектот е Дита Старова-Ќерими, директорка на Националната галерија, додека покровител на изложбата е Министерството за култура. Куратор на 17. меѓународна изложба на архитектура е архитектот со либанско потекло, Хашим Саркис. Хашим Саркис е декан на Факултетот за архитектура и планирање на Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ) од 2015 година. Дипломирал архитектура и ликовни уметности на Факултетот за дизајн на Островот Рода и докторирал философија на Универзитетот Харвард. Тој е автор и уредник на повеќе книги и статии за историјата и теоријата на модерната архитектура.
Биеналето оваа година вклучува 112 учесници од 46 земји, со делегации од Африка, Латинска Америка и Азија и со широко женско претставување.