Продолжува циклусот „Концерти во Кинотека со Croatia Records“ во Кинотека на Македонија, па утре, со почеток во 20.30 часот се проектира концертот на „Раде Шербеџија & Западни колодвор бенд @ ХНК Загреб“.
-На овој концерт Шербеџија, заедно со бендот „Западни колодвор“ изведе 21 песна, меѓу кои и култната „Не дај се Инес“ на Арсен Дедиќ, потоа „Остала си увијек иста“, „Чекај ме (Сеќавање на Есенин)“, „Барбара“, „Имам пјесму за тебе“, „Не марим да пијем“…, како и „Мени се душо од тебе не растаје“, создадена од перото на Џони Штулиќ, наведуваат од Кинотеката.
Концертот во ХНК беше одржан на 3 ноември 2019-та. А доколку во четврток заврне, настанот од летната сцена на Кинотека се преселува во внатрешноста на оваа установа. Влезницата е 100 денари.
Следниот четврток, на 22-ти јули, во рамките на циклусот ќе биде емитуван концертот на Амира Медуњанин во пулската Арена.