Професор, сликар, актерка и политиколог – објавени добитницитте на нагрдата „11 Октомври“

Професорот д-р Атанас Вангелов, академскиот сликар Павле Кузмановски, актерката Бедиа Беговска и политикологот Махи Несими се добитници на државната награда „11 Октомври“ во 2021 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Северна Македонија, соопшти Министерството за култура.

Одборот за доделување на наградата „11 Октомври“ донесе одлука државна награда за животно дело во областа на науката и образованието да му се додели на филологот Атанас Вангелов. За животно дело во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на академскиот сликар Павле Кузмановски, на актерката Бедиа Беговска и на политикологот Махи Несими.

Наградата на добитниците ќе им биде врачена во Собранието на С Македонија, на празникот 11 Октомври.

Претходна вестРусија ни врати за протераниот дипломат со протерување на македонски дипломат од Москва
Следна вестСекој може да се вакцинира со трета доза, ќе биде “Фајзер“