Русија ни врати за протераниот дипломат со протерување на македонски дипломат од Москва

Русија прогласила македонски дипломат за „песона нон грата“. Имено в.д. амбасадорката на Македонија во Руската Федерација, Оливера Чаушевска-Димовска, денеска била повикана во руското МНР, каде ѝ била врачена нота, со која вработен во Амбасадата Македонија во Москва се прогласува за „персона нон грата“. За ова информираат преку социјалните мрежи од амбасадата на Русија во земјава.

-Мерката е одговор на сосема неоснована одлука за прогласувањето на дипломат во Амбасадата на Русија во Скопје за ‘персона нон грата’ донесена од страна на Северна Македонија во август оваа година“, стои во напишаното од руското дипломатко претставништво.

За потсетување, случајот од август беше втор таков оваа година руски дипломат да биде протеран од државата. Министерот Бујар Османи во таа пригода рече дека информацијата е од доверлив карактер и не може да даде детали за причината за протерувањето.

Претходна вестОд 1 декември нема веќе пластични кеси, еколошките од маркетите ќе чинат 15 денари
Следна вестПрофесор, сликар, актерка и политиколог – објавени добитницитте на нагрдата „11 Октомври“