Од 1 декември нема веќе пластични кеси, еколошките од маркетите ќе чинат 15 денари

Од 1 декември стапуваат во сила забрани за употреба на пластични кеси во трговијата и на пластични амбалажи во угостителските објекти во подрачјата заштитени со закон.

Ова се дел од предвидените новини со неколку нови закони од областа на управување со отпад.

Забраната за употреба на пластични кеси за носење производи ќе стапи во сила од 1 декември. Дозволена е само продажба на биоразградливи кеси кои ќе бидат екстра лесни и за кои ќе се плаќа надоместок од 15 денари, кој во поголем дел ќе оди во Фонд за заштита на животната средина.

Од 1 декември се забранува и еднократна употреба на пластични пакувања од угостителски објекти, за почеток, во заштитените подрачја.

Со новата регулатива се регулираат начините на транспорт, собирање, третман, рециклирање на отпад и се отвора простор за конечно расчистување со нелегалното собирање отпад кој создава диви депонии.

Претходна вестИма начин да се зауздаат брзите возачи
Следна вестРусија ни врати за протераниот дипломат со протерување на македонски дипломат од Москва