Професорката Котевска за комисистот Ѓоргиев: Тие пари се проколнати и таа научна кариера уништена

И денеска продолжуваат реакциите и незадоволството кај јавноста во Македонија од препораките истакнати од академик Драги Ѓоргиев и македонските членови на историската македонско-бугарска комисија. Не се прифакаат препораките од политички избраната Комисија за историски прашања дека требало Македонија да ги чествува Цар Самоил, Светите Кирил и Методиј и Светите Климент и Наум заедно со Бугарија, а Требало да има и измени во учебниците по историја.

На реакциите се приклучи и универзитетската професорка Јасна Котеска од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ. Таа кратко преку Твитер напиша за историчарот Ѓоргиев кој е главен на македонскиот дел од мешовитата македонско – бугарска комисија.

Во продолжение го пренесуваме целиот нејзин текст:

-Замисли да добиваш секој месец академска награда од буџетот на Р. Македонија. И потоа за 80,000 евра да ја распродадеш нејзината историја, традиција и да ги лажираш историските факти во интерес на сосед. Тие пари се проколнати и таа научна кариера уништена. Тоа е Драги Ѓоргиев.

Претходна вестЌе биде ли Пендаровски на охридскиот брег? Ќе остане ли покровител на маратонот?
Следна вестАрсовска: Започнуваме со изградба на мега парк од 30.000 м2 во Ѓорче Петров