Во вторникот во Македонија ќе биде променливо облачно време, во раните утрински часови со услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во текот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер (над 70 км/час) и град.
Вредноста на ултравиолетово зрачење (УВ) ќе биде 7.
Утринските температури се движат меѓу 14 и 22, додека највисоките дневни соодветено ќе бидат во оспегот од 23 до 35 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе преолвадвуа променливо облачно време со повремен пороен дожд и грмежи, во делови од котлината во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер (над 70 км/час) и град. Услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе има и во раните утрински часови. Температурата ќе достигне до 31 степен.