Променливо облачно, но без дожд во попладневните часови

Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец, истиот повремено ќе засилува, е денешна прогноза на метеоролозите за скопското подрачје. По подолг период денеска во попладневните часови не се најавуваат врнежи од дожд и грмежи.

Максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 25 степени.

Во наредниве денови се очекува потопло време но во попладневните часови локално повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Претходна вест61 ракописи се тркаат за најдобар необјавен роман на годината
Следна вестСтартува изборната кампања, скопјани апелираат да нема лажење и манипулации