Променливо облачно, попладне со повеќе сонце

Утринското сонце најавува дека денеска ќе ја добие битката со облаците. Метеоролозите најавуваат дека времето претпладне во цела Македонија ќе биде променливо облачно, а попладне облачноста постепени ќе се намалува.

Ќе дува главно умерен, на места засилен ветер од западен и северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 6 до 14, а дневната од 16 до 24 степени.

Слично време се ошекува и во Скопје, променливо облачно, во втората половина од денот облачноста ќе се намали. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе достигне до 20 степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно време со пониски утрински температури. За време на викендот и во понеделник ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец и ќе биде значително потопло.

Претходна вестНе си фраер ако не возиш на државна сметка: сватови, митингаши, швалерки…
Следна вестКазнети 27 моторџии и 16 пешаци